Во Охрид се одржа БТА Балканското триатлон првенство под покровителство на Министерството за спорт

37

Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт.

На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци во различни возрасни категории.

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски, ги поздрави учесниците и организаторите на Балканското првенство и им врачи медали на дел од најуспешните балкански триатлонци.

Од Триатлон федерацијата на Македонија изразија благодарност до Министерството за спорт за добрата соработка и поддршката во организацијата на БТА Балканското триатлон првенство во Охрид.

Триатлонот е атрактивен олимписки спорт кој обединува три дисциплини – пливање, велосипедизам и трчање, кои натпреварувачите во текот на трката ги изведуваат последователно без прекин што бара исклучителна физичка подготвеност, издржливост и ментална сила.

Покрај натпреварувачкиот апсект, БТА Балканското триатлон првенство претставува и значаен придонес за промоција на Охрид и на Македонија како атрактивна спортско-туристичка дестинација.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

ПретходноХаити бесен поради недосудениот пенал против Шкотска (ВИДЕО)
СледноВембањама: „Се гледаме…никогаш!“(ВИДЕО)