Ф4:Магдебург подобар од Алборг во “утешното финале“

98
ФОТО:.facebook.com/SCMagdeburg/

Во пресрет на големото финале на Ф4 во ЛШ, во “Ланксес Арената“ во Келн, меѓу Барселона и Фуске Белрин, се одигра мечот за 3.место меѓу досегашниот европски шампион, Магдебург и Алборг.

Славеа Германците со 32:26 со што и до следниот Ф4 2027 и официјално ќе бидат трети во најелитното ракометно натпреварување во Европа.

Во текот на целиот меч Магдебург беше подобар, како да имаа Германците повеќе мотиви на овој меч, на ова “утешно финале“. Уште од стартот покажаа ракометарите на овој тим дека и на овој меч ја сакаат победата.

На пауза се замина со сосема добра предност од +6 голови (17:11) за Магдебург. Во продолжение од средбата Бундеслигашот речиси рутински си ја одработи својата задача па така на крајот и заслужено победи со 32:26.

Кога сме кај стрелците, кај поразениот состав Хоксер запиша шест голови, додека кај победничкиот тим Клар исто така постигна шест погодоци.

ПретходноПриказна на денот – Од бегалски камп до херој на Австралија!
СледноИсторија: И Новак ја “поздрави“ првата победа на Хамилтон со Ферари, катастрофа за Кими!(ВИДЕО)