Допрва ќе видиме колку Германија и Шведска се моќни

75

Измина уште еден ден од СП 2026. На четири меча видовме дури 19 голови, просто уживавме во напаѓачки фудбал, со многу голови, акции, шанси. Се она што овој спорт го прави навистина нешто посебен.

Денеска свое видување во “Коментар на денот“ има Артим Шаќири, прославениот репрезентативец на Македонија, некогашен легендарен фудбалер на Вардар, а сега познат тренер.

Па, да. Јас сум задоволен од овие први денови од Мундијалот. Навистина има што да се види. Убаво е кога има голови, само вака да продолжи. Добро се сеќавам на некои минати шампионати кога најчест резултат беше 1:0, но сега некои работи во фудбалот се променија. Сега ретко кој се брани, дури и тоталните аутсајдери преферираат отворен фудбал“ започна Шаќир.

Моќна Германија или…

Искрено јас очекував убедлива победа, можеби не 7:1, ама реално беше да се прогнозира убедлив триумф на Германија против Курасао. Импонира кај Германија и тоа дека на 1:1 немаше нервоза, немаше паника, едноставно знаат со каков потенцијал располагаат. Ме изненади храброста на Курасао. Да, постигнаа гол за израмнување, ама не се повлекоа целосно, одиграа добар меч за себе, но сепак против себе ја имаа една Германија, најважно е што и покрај тие1:7, покажаа дека не се до толку фудбалски “боси“ што се вели. Не можам да кажам по само еден меч дека Германија е голем фаворит за титулата, ова е само прв нивни меч“.

Јапонија и тие 2:2 со Холандија не се изненадување…

Не, апсолутно не. Јапонија се етаблира во една од најсилните репрезентации во Азија. Постојано игра на СП и има доволно искуство да се носи против една селекција како Холандија. Видете, па сите тие играат во познати клубови во Европа, и знаат како треба. Што се однесува до Холандија, мислам дека имаат добар тим, квалитетни поединеци, но оваа Холандија е нешто друго во однос на она од пред деценија или повеќе. Смена на генерации, но јас не би ја отпишал четата на Куман од висок пласман така лесно“.

Брегот на Слоновата Коска освои три златни бода…

Ова е голема, екстра победа на БСК и тоа против директниот конкурент за тоа второ место во групата. Сега им треба само уште победа против Курасао и да бидат најмалку втори. Додека Еквадор ќе мора да бара бод(ови) против една Германија. Интересен меч кој го реши младиот офанзивец на Манчестер Јунајтед во последната минута. Голема битка на теренот, на крајот славеше можеби посреќниот тим“.

Моќна Шведска која го растури Тунис…

Реков и ќе повторам. Не може да се дава генерална оценка за квалитетите на една репрезентација по само еден меч. Ова се однесува посебно за Шведска, и посебно ако се знае какви проблеми имаше во квалификациите и во Лигата на Нации, а го нема ни Дејан Кулушевски. Можеби очекував повеќе од Тунис, во најмала рака да не загуби вака убедливо, но тоа е фудбалот. Кога ќе тргнат работите и кога ќе те посака се случуваат вакви уверливи победи од 5:1. Допрва ќе ја видиме вистинската слика на Шведска“ заклучи Шаќири.

ПретходноКаиседо го имаше потегот на денот!
СледноВЛТ НАВИВА: ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ СО НОВ ПОДИУМ ВО ГЕРМАНИЈА