Му се може: Инфантино со приватен авион си лета од град во град само да изгледа повеќе натпревари на СП!(ФОТО)

82
фото: Football Tweet (X)

Едноставно му се може. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ова лето (ќе) оди на натпреварите од Светското првенство што се одржуваат во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико со приватен авион.

А како поинаку би гравитирал помеѓу Мексико Сити, Лос Анџелес, Њујорк, Ванкувер, Мајами и други градови домаќини на Светското првенство? Тоа летање наводно го обезбедила „Кватар ервејс“, па првиот човек на ФИФА патува илјадници и илјадници километри секој ден и пристигнува во живо за да гледа барем еден, а понекогаш и два натпревари.

Еве што има да каже за тоа реномираниот британски Гардијан: “Светското првенство ќе биде еден од настаните што најмногу ќе ја загадат планетата. Се проценува дека ќе генерира околу девет милиони тони јаглерод диоксид. Тоа е над четири пати повеќе од просекот на сите Светски првенства одржани од 2010 до 2022 година“.

ПретходноАко го мине КуПС: Вардар во втората рунда против победникот од двомечот Сабах – ТНС!
СледноОфицијално: Реал Мадрид се пофали со Бернардо Силва!(ФОТО)