По три одлични сезони во дресот на Согдиана, македонскиот репрезентативец Љупче Дориев го продолжи договорот со узбекистанскиот клуб. Денеска Согдиана и официјално потврди дека Дориев ќе го носи дресот на новниот тим и во наредните 4 години, практично до 2030 година.
Дориев во досегашниот дел од кариерата во дресот на Согдиана блескаше во нападот. Минатата сезона иако Согдиана заврши на 8. место, Дориев беше втор стрелец во Суперлигата со 16 постигнати гола. Оваа сезона, по само 9 кола и исто толку одиграни средби, нашиот голгетер веќе анижа 7 погодока, што веројатно беше и причина клупското раководство брзо да реагира и да му понуди нова соработка.










