Нов шок на Мундијалот: За репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема канадска виза!!!

155

На репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Елје Вахи, не му е одобрена канадска виза за да може да им се придружи на своите соиграчи во дуелот со Германија.

Според моменталните информации истото е сторено поради тековниот процес кој што се води против Вахи, за наводно местење на натпревари.

Некогаш големата француска фудбалска надеж, кој што одигра десетици мечеви за младинските селекции на оваа земја, се реши да настапува за Брегот на Словновата Коска. Во моментов е член на тимот на Ајнтрахт, а одигра сезона на позајмица во Ница.

Целиот процес околу него е поради наводно добиен намерен жолт картон на дуелот од францускиот шампионат против тимот на Мец одигран во мај.

ПретходноЧешка поведе, но Јужна Африка избори реми (ВИДЕО)
СледноИсторијата е испишана: Македонија е втора во Европа во баскет 3х3!