Марк Клатенбург: Срамота е што бев обвинет од мој колега дека сум “местел“ натпревари!

274

Марк Клатенбург, еден од најдобрите судии во светот до пред некоја година, сега пензионер, во интервјуто за „Атлетик“ се потсети на времето кога беше под истрага од надлежните во Судиската комисија во Англија, за тоа дека дека “местел“ натпревари.

Да потсетиме дека Клатенбург во Премиер – лигата судеше од 2004 до 2017 година. Тој вели дека “информаторот“ бил еден негов колега, кој го пријавил кај Хауард Веб, шефот на судиите. Се говори дека тоа “информаторот“ бил Марк Рајли, исто така познат судија во Премиер – лигата.

Навистина срамота е што бев обвинет, поточно што бев под истрага дека сум “местел“ натпревари. Точно е тоа дека купив скап автомобил Ауди Р8. Но, купив зошто имав добра работа, потоа сопругата добро заработуваше. И на крај зошто да не купам? Ако купев куќа, зошто да не?Да се биде обвинет за местење на натпревари, навистина тоа е срамота. Јас одбивам да го кажам кој е тој мој колега што се посомневал во моето судење“ потенцираше Клатенбург.

Инаку тој напоменува дека никогаш не бил во добри односи со Мартин Аткинсон, исто така познат судија.

Имаше “војна“ меѓу нас двајцата. Но секогаш имаше почит и респект меѓу нас. Инаку сум судел низ целиот свет и познато дека англиските судии секогаш биле најдобри и најпочитувани. Јасно е дека имало грешки, но да се каже дека сум корумпиран, е тоа е срамотно“ констатира Клатенбург.

Инаку портпаролот на Судиската комисија во Англија посочи дека сите судии кои се спомнати од страна на Клатенбург, не сакале да даваат изјави.

ПретходноНајтрофејниот пронајде нов клуб!
СледноСега не и чини: Сензационалната победничка на УС Опен го откачи тренерот!