Винициус Жуниор се побуни: Бразилецот е еден од петтемина најслабоплатени во Реал

375

Еден од најдобрите фудбалери на Реал (М) од почетокот на новата сезона, Винициус Жуниор е еден од најслабо платените играчи во „кралскиот клуб“.

Бразилецот е еден од петте фудбалери кои имаат најниски примања, откако по намалувањето на платите во клубот, Винициус сега добива 3,2 милиони евра годишно. Со бонуси, оваа сума може да се искачи до 4 милиони евра.

Дани Себаљос, Хесус Ваљeхо и Андреј Лунин, кои се далеку од првиот тим, имаат приближно иста плата во Реал Мадрид.

Токму поради оваа причина, агентот на фудбалерот побарал разговори со управата за зголемување на платат ана Бразилецот. Од Реал велат дека не размислуваат да му понудат нов договор, но секако ќе се обидат да му ја зголемат платата. Преговорите почнуваат следната недела.

ПретходноТухел пред супер-дербито со Сити: Нема да играме јас и Пеп шах или тенис, ќе играат нашите тимови
СледноБредли е нов соиграч на Кари во Голден Стејт