Екипата на ФК Вардар продолжува со подготовките за новата сезона во која покрај одбрана на шампионската титула го чека и настап во Европа. Пред двомечот со КуПС во квалификациите во Лигата на шампиони, ќе одигра четири пријателски натпревари и сите со нисколигаши.
Еден од противниците е добро познат, станува збор за Ла Фиорита, тим со кого се сретна минатата сезона.
Натпреварот против Умбрија се игра на 23 јуни, два дена подоцна е мечот со Норча Калчо. На 27 јуни „црвено-црните“ ќе игаат против Ла Фиорита, додека на крајот на месецот, поточно на на 30 јуни е дуелот со Виртус.
Вардар во Италија ќе остане до 2 јули, потоа следи враќање во Скопје.





















