Македонија утре на проверка против Бугарија

103
ФОТО:mkd.basketbal

Македонската сениорска репрезентација продолжува со подготовките за јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европското првенство 2029, а првата проверка на сработеното ќе биде против Бугарија.

По неколкудневната работа во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, избраниците на селекторот Жозеп Мариа Берокал во недела ќе отпатуваат за Самоков, каде ќе го одиграат првиот контролен натпревар во овој подготвителен период.За дуелот против бугарската селекција, стручниот штаб ќе располага со 13 кошаркари. Мечот е закажан за 18 часот во Самоов.

Тимот го предводи капитенот Војдан Стојановски, а во составот се уште и:

Стојан Ѓуроски, Марин Петков, Валмир Какруки, Виктор Ефремовски, Лука Стојановски, Резарт Мемед, Павел Иванов, Виктор Ташовски, Мухамед Тачи, Марко Луканоски, Петар Бошалески и Тома Стојаноски.

Натпреварот Бугарија – Македонија ќе се одигра во недела, со почеток од 18:00 часот според македонско време, и ќе биде првиот тест за „црвено-жолтите“ пред официјалните дуели во јулскиот ФИБА циклус.

Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од групата „А“ во претквалификациите за Евробаскет 2029 – против Ирска на 2 јули во Скопје и против Луксембург на 5 јули на гостински терен.

ПретходноУ-17: Македонија со пораз од Грција
СледноВане Јованов промовиран во Ниреѓихаза!(ФОТО)