Убедлив пораз за Македонија на „контролата“ со Бугарија

111

Македонската кошаркарска репрезентација е поразена од Бугарија со убедливи 97-68 на пријателскиот меч во рамките на подготовките за претквалификациските дуели против Ирска и Луксембург за Европското првенство 2029.

Бугарија го отвори мечот со 12-2, водеше и со 18-15, после првата четвртина беше 28-20. Во втората четвртина, Македонија успеа да дојде на негатива од шест поени 39-33, но тука и застана. Противникот пред одморот дојде на плус 16 (50-34).

Во продолжение нашите момци не најдоа начин како да се вратат во мечот, на стартот на последната четвртина беше 75-33. До крајот не се промени ништо, останува  селекторот Жозеп Мариа Берокал и неговите момци да го анализираат мечот и да се подготват најдобро за вистинските битки.

ПретходноВедрана се закити со злато на Г1 турнирот во Сараево
СледноФуријата покажа моќ и ја „оддува“ Саудиска Арабија (ВИДЕО)