Одлична вест: Вардар и официјално после четири години се враќа во Лигата на шампиони

232

ЕХФ денеска и официјално го објави списокот на учесници за следната сезона во Лигата на шампиони. Македонија повторно ќе има свој претставник, овој пат тоа е Вардар, кој доби вајлд-карта за да биде дел од елитното европско клупско натпреварување.

Вардар е двократен европски првак, првата титула ја освои во 2017 година, а додека втората во 2019 година. Има три учества на фајнл-фор завршницата.

Последен пат Вардар играше во елитното натпреварување во сезоната 2021/22, ја мина групната фаза и беше елиминиран од Веспрем во плеј-офот.

Она што беше најавено доби и потврда, Раул Гоназлес и неговиот Партизан исто добија вајлд-карта.

Лигата на шампиони од следната сезона ќе брои 24 тима, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, ќе се игра двокружен систен. Првопласираните и второпласираните од секоја група ќе продолжат понатаму, додека последните две ќе играаат во Европската лига.

Ждрепката е закажана за 26 јуни во Виена.

Тимови кои не добија вајлд-карта се Елверум, Татабња и Валур.

ПретходноКамерите го фатија очајниот Суарез додека Уругвај се мачеше (ВИДЕО)
СледноВардар со специјално видео ја најави Лигата на шампиони: Чупиќ му се јави на Мечка!