Прилеп ги даде победниците од Јужниот регион кои ќе се борат за големото финале во Сплит

27

Од уште еден регион ги добивме победниците кои обезбедија место на Државното првенство во рамките на Плазма Спортските игри за млади.

Македонија, со поддршка на Владата на Република Македонија, од оваа година официјално е дел од големото СИМ семејство, што претставува значаен чекор во развојот на младинскиот спорт и промоцијата на здрави животни навики кај децата.

Прилеп беше домаќин на натпреварите од Јужниот регион, а градот под Марковите Кули уште еднаш се потврди како одличен организатор.

Во одлична атмосфера, младите „симовци“ се натпреваруваа во дури 11 спортови: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал 2015, одбојка на песок, одбојка, ракомет, баскет 3х3, пинг-понг, атлетика, народна, шах и тенис.

Плазма Спортските игри за млади оваа година одбележуваат значаен јубилеј – 30 години постоење, со јасна мисија: бесплатен спорт достапен за секое дете. Покрај Македонија, Игрите се организираат и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словачка.

Победниците од Државното првенство ќе добијат можност да учествуваат на големото меѓународно финале, кое ќе се одржи од 17 до 22 август во Сплит.

ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!

ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ

ПОБЕДНИЦИ ЈУЖЕН РЕГИОН

Coca Cola Cup 2011

Машки: Арсенал

Женски: Тигрици

Мал фудбал

Јуниори

Одбојка

Мажи: Струмица

Женски: Суфиларки

Ракомет

Машки: Шампионки

Женски: Газели

Баскет 3х3

Машки: Ролинг

Женски: Тим Неготино

Одбојка на песок

Машки: Тигри

Женски: Тигрици

Народна 2015

Пеперутки

Народна 2017

Паметни глави

Шах 2011

Машки: Кристијан Стојков

Женски: Маја Дамеска

Шах 2015

Машки: Јован Вукашиновиќ

Женски: Катја Поп Николова

Пинг-Понг 2011

Машки: Мартин Ристески

Пинг-Понг 2014

Машки: Илија Ѓорчески

Женски: Ангела Чавкар

Тенис

Машки: Никола Узунов

Женски: Тијана Костадиноска

Атлетика 2015

Машки: Никола Костоски, Васил Пиливанов, Крсте Гелов, Даниел Димитриев

Женски: Илина Јанкулоска, Викторија Стоева, Вера Ѓуров, Серена Селимова

Атлетика 2017

Машки: Здравјан Каралиоски, Никола Милушев, Борис Николов, Филип Стафилов

Женски: Бисера Велкоска, Марта Попдимитрова, Пепика Дебникова, Мартина Ристова

ПретходноРК Вардар на 10 август стартува со продажба на сезонските билети за ЛШ и домашниот шампионат
СледноТенисерка од Шпанија е првата пречка за Ѓорческа во квалификациите на Вимблдон