Драконска казна за шампионката на Вимблдон од 2023

82

Шампионката на Вимблдон од 2023 година, моментално 122-ра на ВТА листата, чешката тенисерка Маркета Вондроушова, доби четиригодишна забрана за настап на тениски турнири поради избегнат допинг тест во декември 2025 година. Ова беше објавено во соопштение за медиумите од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA).

Според соопштението, на тенисерката и е забрането да тренира и да присуствува на натпревари под покровителство на ITF, WTA и ATP, како и на гренд слем турнири.

Вондроушова поради одбивање да се подложи на допинг тест надвор од натпреварување на 3 декември 2025 година ја доби суспензијата. Според тенисерката, вработениот во Германската антидопинг агенција не ги следел стандардните процедури – наводно не се идентификувал ниту презентирал документи, што многу ја исплашило. Сепак, Вондроушова забележа дека го направила потребниот допинг тест три дена подоцна со друг вработен во Германската антидопинг агенција.

Претходно100-годишна баба го гледаше историскиот меч на Меси (ФОТО)
СледноПолувреме: “Бомба“ на Мбапе за водство на Франција!(ВИДЕО)