Шкендија Арачиново се пофали и со Андреј Аризанкоски!(ВИДЕО)

125

И официјално Андреј Аризанкоски е нов член на Шкендија Арачиново. Дебитантот во елитната лига на Македонија попладнево се пофали дека успеал да го ангажира младиот дефанзивец кој досега беше дел од тимот на Брера Струмица. Јасно е дека Аризанкоски е уште едно квалитетно засилување за составот од Арачиново.

Се чини дека Шкендија Арачиново не се шегува, со сите сили настојува да обезбеди што поквалитетен тим за наредната сезона во ПМФЛ.

Инаку Аризанкоски како роден прилепчанец е дете на Победа, а минатите три сезони ги мина во Брера Струмица.

ПретходноВо следните 48 часа, Марко Палестра и официјално станува дел од Интер
СледноИнтересно: Силекс и Шкендија реваншите од 1.коло во ЛК ќе ги играат во ист ден во Скопје, од 20 часот!