Пријателски: Шкендија убедливо поразена од Хајдук, и Силекс со пораз од Динамо Тирана

196
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Попладнево во Радомље и во Охрид, екипите на Шкендија и Силекс имаа силни контролни мечеви во пресрет на настапите во квалификациите во Лигата на Конференции.

Шкендија на подготовките во Словенија, во својата втора контрола, попладнево беше поразена од Хајдук со 0:4. Секако дека иако е ова пријателска, непријатно е за Шкендија да доживува вакви порази. Стрелци на головите за хрватскиот гигант беа Ливаја, Пукшташ и Шего, два.

Силекс на својата прва летна контрола, во Охрид беше поразен со 1:2 од Динамо Тирана.

Стрелец на голот за нас беше Никола Богдановски. Да кажам дека до самиот крај беше 1:1, но примивме гол во тие последни минути. Задоволен сум од тоа што го видов. После 60.минута им дадов шанса на повеќе играчи. Како за прва контрола не е така лошо, напротив“ ни изјави тренерот на Силекс, Александар Васоски.

ПретходноАвдули и официјално во Влазнија
СледноХаланд со шокантна изјава: Не ми е гајле за Франција!