Марко Богданоски потпиша за РК Бутел!

58
ФОТО:facebook.com/p/RK-Butel-Skopje

Чуварот на мрежата Марко Богдановски во наредните две сезони ќе биде меѓу стативите на Бутел Скопје и ќе формира голманско трио со Градимир Чаневски и Атанасиј Трсунов.

Богдановски доаѓа од редовите на шампионот Вардар каде мина две и пол години по трансферот од Аеродром, а во овој клуб бранеше од 2022 до 2024 година.

25-годишниот голман потекнува од редовите на Металург, а низ кариерата имаше настапи и за тимовите на Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.

Од Вардар доаѓа со освоена двојна круна и повторно ќе има можност да соработува со тренерот Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја води нашата екипа.

ПретходноНајавено, па потврдено: Силекс го промовираше Дарко Илиески!(ФОТО)
СледноМакедонската комбинација Ивановски – Хусеиновиќ избори полуфинале во Загреб