Поенот кој ја однесе Лина на главниот турнир на Вимблдон (ВИДЕО)

247
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа попладнево успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција (ова важи и за мажите бидејќи Александар Китинов има настапи, но во игра на двојки).
Ѓорческа во третото коло од квалификациите – финалето ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (61 62) за 73 минути игра. Тетовчанката покажа извонредна игра, а во продолжение го имаме и последниот поен кој ја лансираше на главниот турнир.
ПретходноСекоја чест за Лина: Во време на најголема тага ја испиша историјата!
СледноЛиста на стрелци: Меси е лидерот, тука се и Вини, Мбапе, Халанд…