Македонија и се реваншираше на Бугарија (ФОТО)

266

Македонската кошаркарска репрезентација славеше против Бугарија со 91:87 на втората контрола. Ова беше последен тест пред претквалификациските дуели со Ирска и Луксембург.

Нашите кошаркари на вториот меч настапија во комплетен состав, своите први минути ги одигра новиот Американец, Стујарт, кој постигна 26 поени. Јакимовски не го одигра целиот меч, во вториот дел не влезе. Зад неговото име запиша седум поени. Втор стрелец во нашите редови беше Стојан Ѓуроски со 15 поени.

Македонија поведе си 5-2 и 8-5, но Бугарија успеа да дојде до позитива од седум поени 10-17. Стујарт со два плус еден поен доближи на 16-17, нешто подоцна Јакимовски израмни на 21-21. За жал во овој дел се повреди Марин Петков.

Две важни тројки на Стојан Ѓуроски на стартот на втората четвртина, кои го подигнаа нивото на играта, на него се надоврзаа Ефремовски и Стујарт за двоцифрени 35-25 во 15 та минута. Бугарија ср врати во мечот, со серија од 14-4 израмни на 39:39. На одморот резултатот беше 45-43.

И во третата четвртина имаше промена на водството, Бугарија поведе со 49-56. Стујарт и Ѓуроски беа двигатели на кам-бек (60:58). На стартот на последните десет минути резултатот беше 66:66.

Македонија одржуваше минимално водство, но драмата продолжи. На две минути до крајот беше 80:79. Стојан Ѓуроски со тројка донесе плус четири 83:79. Нашите кошаркари успеаја да одбранат два напади на противникот и заслужено на крајот дојдоа до победата.

Селекторот Берокал ќе има доволно време за последни финеси пред важните мечеви.

ПретходноРоналдо: Не знам дали Меси е подобар од Марадона!
СледноВардар со 12:0 славеше на тестот со Норчија