Македонската ракометна репрезентативка, Катерина Дамјаноска својата кариера ќе ја продолжи во Романија. Имено нејзиниот нов клуб, Таргу Муреш и официјално потврди дека ја ангажирал македонската ракометарка.
Ова за Дамјаноска ќе биде прв интернационален предизвик.
Инаку Таргу Муреш е член на втората лига на Романија, но сепак е клуб со големи амбиции.
Катерина Дамјаноска во изминатиот период беше дел од составот на Ѓорче Петров, а претходно играше за Вардар.










