Ракометната сезона и официјално е завршена, а сега ЕХФ и останатите се бават со награди, лауреати, и бирање на најдобрите. Во категоријата на ТОП асистенции, додавања за изминатата сезона во Лигата на Шампионите, влегува и сега веќе легендарното додавање на голманот на Е.Пелистер, Никола Митревски до Дејан Манасков, и оној фантастичен гол против Барселона во Битола.
Тоа додавање ќе се врти што се вели „засекогаш“ како школски пример како треба, и очигледно ќе му се восхитуваат генерации во иднина.
Митревски во таа ситуација по којзнае кој пат покажа дека не само што е одличен голман, туку и фантастичен додавач, нешто што кај ракометните голмани е искучително ценета особина.










