Македонскиот интернационалец Бојан Миовски му донесе победа на својот МТК во дуелот со Мезоковешд во унгарското првенство. Инаку МТК се извлече затоа што гостите во 60. минута утнаа пенал, па домашните во последните моменти од средбата ја затресоа мрежата и ги освоија бодовите.
За Миовски ова е четврти гол сезонава за МТК, а погоди и претходното коло против Пакс во гости.
МТК е на четвртото место на табелата по 7. кола.