Репрезентацијата на Хрватска и официјално е во елиминационата фаза од тековниот Мундијал. „Коцкастите“ синоќа во клучниот меч од групната фаза ја победија Гана со 2:1, и го направија неопходното. Собраа доволно бодови, за да како втори заминат во елиминациите.
Хрватска и селекторот Далиќ претрпеа доста критики од страна на јавноста, домашна и светска, иако ова е селекција која што е во самиот врв на светскиот фудбал цела деценија.
Тоа Далиќ го напомена по големиот триумф синоќа велејќи дека неговите избраници, и целиот состав на Хрватска, заслужува респект и почит.
„Им честитам на играчите за квалификацијата во нокаут фазата. Беше тежок натпревар, но мислам дека Хрватска одигра одличен натпревар тактички и се позиционираше многу добро. Се вративме таму каде што бевме пред осум години“, започна Далиќ по натпреварот во Филаделфија.
„Сепак, ова е само првиот чекор кон нашата цел. Имаше премногу сомнежи за квалитетите на овој состав, а некои од коментарите беа навистина патетични. Оваа репрезентација заслужува многу повеќе почит“, побара селекторот.










