Дејан Михајловиќ е верен на РК Бутел Скопје

46

Еден од најдобрите поединци и стрелци на екипата на РК Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ се договори за нова соработка со клубот така што него и следната сезона ќе го гледаме во дресот на овој тим.

Голгетерот потпиша двегодишна верност што значи дека се обврска на соработка минимум до 2028 година.

Се работи за поранешен младински репрезенаттивец на Македонија кој што во континуитет покажува квалитет.

Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски. Десното крило Бојан Спасовски исто така го продолжи договорот.

ПретходноЧартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови
СледноДали ова значи дека Алжир – Австрија е сомнителна: “Владимир, зошто дадовте гол за 3:2?!“ (ВИДЕО)