Ј.Африка – Канада 0:1 е епилогот од првиот меч во 1/16 финалето на СП.Се играше втората минута од судиското продолжение, кога на резултат 0:0, Еустакио со прекрасен гол донесе голема радост и еуфорија кај сите во таборот на неговата селекција, но и на фановите на таа земја на трибините на стадионот во Лос Анџелес.
Па така Канада во следната фаза, во 1/8 финалето се среќава со подобриот од мечот Холандија – Мароко.
Генерално не така квалитетен меч, но имаше возбудувања, беше интересно и имаше шанси на двете страни. Канада заслужено дојде до победата, иако мораше тоа да го стори моногу порано.
Откако по првото полувреме немаше голови, во второто полувреме репрезентативците на Ј.Африка имаа свои шанси, во некои моменти беа подобри. Но, оваа селекција во последните минути како да почнаа да калкуираат и тоа им се одмазди.
И кога се чинеше дека ќе има продолженија на овој меч, па можеби и пенали, да не биде така се погрижи Еустакио со гол во 90+2.минута со кој ја однесе Канада во 1/8 финалето.










