Тетовска Шкендија денеска потврди дека е постигнат договор со крилниот напаѓач Алмир Криезиу, кој официјално е најновото засилување за „црвено-црните“.
27-годишникот успешно ги помина медицинските прегледи пред да потпише двегодишен договор.
Криезиу веќе отпатува за Словенија, каде веднаш ќе му се придружи на тимот во подготвителната фаза. По одличните настапи во косовската фудбалска елита, Криезиу беше еден од најбараните фудбалери во овој преоден рок, со сериозни понуди од странство. Сепак, тој го избра проектот Шкендија.
Споредн неофицијалните информации тој станува најплатениот фудбалер во домашното првенство.















