Сега е официјално: Растодер во Пао до 2030!(ФОТО)

172
ФОТО:.facebook.com/paofcgr/

Вечерва е и официјално. Елмин Растодер е нов член на Панатинаикос. Ова се знаеше уште попладнево кога македонскиот репрезентативец ги мина лекарските прегледи и стави потпис на договорот со грчкиот гигант, ама вечерба “зелените“ од Атина се пофалија и официјално.

Јасно е дека ова е големо засилување на гигантот од Атина а за Растодер голем предизвик во својата кариера ако се знае дека во минатата сезона и тоа како му помогна на Тун да дојде до титулата во Швајцарија.

Инаку македонскиот напаѓач потпиша четиригодишен договор и се обврза до 2030 година да го носи дресот на Панатинаикос.

Наше е на Растодер да му посакаме добри игри и многу голови за Пао.


ПретходноПедро Мартинез на клупата на Реал Мадрид?!
СледноДебакл на Мундијалот, па оставка на претседателот на Федерацијата!