Се играше 88.минута кога Малески успеа да постигне гол и со тоа да и донесе реми на Струга ТЛ на пријателската средба со Динамо Сити од Албанија, која се одигра попладнево во Охрид. Мечот заврши со резултат 1:1, а пред неколку дена со истиот ривал фудбалерите на некогашниот двоен првак на Македонија беа поразени со 2:3. И на тој меч Христијан Малески постигна гол. Со ова младиот напаѓач и еден од најдобрите стрелци во минатата сезона во ПМФЛ и еден од најдобрите играчи, покажа дека и во следната сезона ќе биде клучниот фудбалер во тимот на Струга ТЛ.
И на денешниот меч стратегот Бледи Шкемби им даде минутажа на повеќе свои играчи со цел да ја провери нивната моментална форма.















