Сега веќе е официјално. Ненад Димитријевиќ својата кариера ќе ја продолжи во Арис, во еден од најголемите клубови во Грција. Најавите остварија, веќе неколку дена се шпекулираше за овој транфер на нашиот најдобар кошаркар, и еве попладнево раководството на Арис, клуб од Солун, се пофали дека успеал да го ангажира македонскиот кошаркар.
Инаку Нено прво го раскина договорот со Зенит, а откако му истече позајмицата со Баерн Минхен, јасно беше дека трансферот во Арис набрзо ќе се официјализира. Еве тоа попладнево и се случи.
Нено со Арис потпиша двогодишен договор и тоа на инсистирање на тренерот Василис Спанулис откако имаше одлични настапи во изминатиот период во дресот на Баерн Минхен.










