Освојувачот на ЕХФ Европскиот куп, екипата на Охрид, денеска потврди дека не успеа да го задржи миленикот на охридската публика Косуке Јасухира и за следната сезона, но како што објавија охриѓани, тој ќе се врати во „Билјанини Извори“ во сезоната 2027/2028!
Косуке ќе игра за ГРК Охрид уште најмалку 2 сезони, откако следнава сезона ќе ја помине во екипата на Бурган од Кувајт, со кого има актуцвен договор до 2027 година.
“Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во клубот со кој го освоив првиот европски трофеј. Рибари и охриѓани се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули” – изјави Косуке.










