Ова се двојките за осминафиналето на Светското првенство

805
Фото: FIFA World Cip X

По победите на Аргентина против Зелено’ртските Острови (3:2) и Колумбија над Гана (1:0) се комплетираше осминафиналето на Светското првенство. Познати сите парови за овој дел од Мундијалот, во кој ќе учествуваат седум европски репрезентации, четири јужноамерикански, три северноамерикански, трите домаќини и две африкански репрезентации.

Осминафинални парови на Светското првенство

Сабота:
19.00 Канада – Мароко (Хјустон)

23.00 Парагвај – Франција (Филаделфија)

Недела (понеделник):
22.00 Бразил – Норвешка (Њујорк)

02.00 Мексико – Англија (Мексико Сити)

Понеделник (вторник):
21.00 Португалија – Шпанија (Далас)
02.00 САД – Белгија (Сиетл)

Вторник:
18.00 Аргентина – Египет (Атланта)
22.00 Швајцарија – Колумбија (Ванкувер)

Осминафиналните натпревари започнуваат вечерва со натпреварот помеѓу домаќинот Канада и Мароко во 19:00 часот, додека четири часа подоцна започнува дуелот помеѓу Парагвај и Франција. Во недела и во ноќта кон понеделник ќе играат Бразил и Норвешка и Мексико и Англија.

Европскиот спектакл помеѓу Португалија и Шпанија се игра во „прајм-тајм“, односно од 21:00 часот по македонско време во понеделник. САД и Белгија играат подоцна истата вечер. Програмата завршува во вторник навечер, кога актуелните светски шампиони Аргентина ќе играат против Египет, а Швајцарија против Колумбија.

ПретходноГо имаме најубавиот гол на Светското првенство (ВИДЕО)
СледноИсториски момент на мечот помеѓу Колумбија и Гана (ВИДЕО)