Полувреме: Без голови во Хјустон, Мароко остана без Саибари!

253
ФОТО:x.com/FIFAWorldCup

Во првиот 1/8 финален меч на СП, Канада и Мароко по првото полувреме играат без голови, 0:0. Може да се каже дека повеќе се очекуваше од двете селекции, но на теренот на стадионот во Хјустон, многу тактика, многу трчање и малку шанси, а нема ни голови. По малку и здодевно прво полувреме. Во 10.минута Дејвид можеше да и донесе водство на селекцијата на Канада, а на другата страна Рахими во 28.минута опасно се закани по голот на Канада. Инаку Рахими влезе во игра во 22.минута на местото на извонредниот нашаѓач на Мароко, Саибари кој поради повреда на мускулот мораше да го напушти теренот.

Инаку победникот од овој дуел во 1/4 финалето се среќава со подобриот од дуелот Франција – Парагвај.

ПретходноПријателска: Арсими и Шкендија (А) одиграа без победник!
СледноМарковски и Србљак победници во двојки на Macedonian Open 2026!Калин утре од 11.30 часот во сингл – финалето против Орлов