Стојанов: Ќе имаме одлични подготовки и неколку контроли пред Зонските квалификации

47
фото: Gazeli Volley (FB)

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, Деан Стојанов, стартот на подготовките за претстојните Балкански шампионат кои ќе имаат карактер и на Зонски квалификации, го закажа за 27 јули. Пред неколку дена тој и неговиот асистент Јовановски објавија список од 16 одбојкарки кои ќе бидат вклучени во оваа селекција, која ја очекува сериозен предизвик со најдобрите балкански селекции, во чии рамки овој пат се очекува да бидат вклучени и селекциите на Русија и Белорусија.

„Стартуваме на крајот на месецов, на 27 јули и ќе имаме еден подолг и одличен период за заедничка работа до балканските првенства. Се уште немам детали за тоа како ќе изгледа форматот на групите на првенството, но самиот факт дека сега се вклучуваат и Русија и Велорусија, тоа сигурно ќе даде дополнителна тежина на квалификацискиот дел. За нас добро е што за првпат по долго време ќе работиме сериозно со оваа генерација, скоро еден месец, а со оглед на тоа што во тој период ќе се подготвуваат и сениорките, ќе имаме можност заеднички да реализираме и тренинзи и да организираме некои спаринг-дуели“, вели Стојанов.

Покрај дуелите со сениорскиот состав на Македонија, оваа младинска селекција се уште работи и на обезбедување на уште неколку конретни пријателски средби.

„Можно е да бидеме дел од турнирот „Чајка“, но се уште не се знае каков ќе биде неговиот годинешен формат. Исто така има некоја варијанта да ни гостува и селекцијата на Тунис, па и со нив да одиграме еден-два натпревари. Но, тоа ќе се знае до крајот на овој месец“, дополни Стојанов.

Овој младински тим ќе има одлична можност да ги провери квалитетите и да се обиде да остави силен печат низ настапите во овие Зонски квалификации за ЕП.

ПретходноТухел: Горд сум на овие момци, ова е тим кој што не се откажува
СледноГФК Тиквеш ги промовираше новите дресови (ФОТО)