„Нема да бидам поголем Роналдо ако сум светски шампион, ни помал ако не успеам“

176

Капитенот на португалската репрезентацијата, Кристијано Роналдо, вели дека критиките што ги добива само го прават посилен. Роналдо на новинарски прашања пред денешниот дуел со Шпанија, одговори дека тој е против светот и дека продолжува да расте со секоја критика.

„Ништо не ми недостасува во животот. Бог беше дарежлив кон мене и ми даде повеќе отколку што очекував. Затоа сега се работи за уживање во секој момент. Нема да бидам поголем Кристијано поради освојување на Светското првенство, ниту помалку Кристијано ако не бидам шампион. Тоа е нешто што го научив на 40 години: мора да уживаме во животот и да не размислуваме за утре. Едно од нештата што ги дава возраста е зрелоста, искуството и способноста да се стават многу работи во перспектива. Секако, не сум слеп, ги видов нападите што секогаш се упатуваат против мене, но ништо од тоа не е ново, и кога сме критикувани, тогаш најмногу растеме. И ви благодарам, затоа што растам, и тоа се повеќе и повеќе. Среќен сум, сакам да уживам во секој ден. Следува натпревар од огромна важност, против одличен тим кој веќе го освои натпреварувањето“, порача Роналдо.

ПретходноГФК Тиквеш ги промовираше новите дресови (ФОТО)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Гласнер е нов менаџер на „шумарите“