Откако Пелистер 2 го комплетираше стручниот тим и за прв тренер беше поставен, Бранко Ангеловски, а негов асистент Фарук Мемиќ, од таборот на битолчани продолжија со градење на составот за новата сезона.
Божидар Илиески е нов играч на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек Илиески во својата кариера беше дел од Прилеп и Алкалоид.
„Доаѓа како големо засилување за тимот на Ангеловски, воедно и како играч во кој има потенцијал во иднина да стане дел и од првиот тим на Еурофарм Пелистер“, порачаа од клубот.










