Фудбалерите на Тиквеш се убедливо поразени од Балтика со 0:5 на првата пријателска средба од подготивките во Турција. Рускиот тим кој настапува во тамошната Суперлига едноставно беше пресилен за кавадарчани па така успеа да дојде и од убедлив триумф.
Инаку ова беше и деби на тренерската клупа на Тиквеш на Оливер Богатинов. Словенецот со македонско потекло ја доби довербата од спонзорот на кавадарчани да го води тимот во наредниот период.
Што се однесува до подготовките, Тиквеш во Турцција ќе одигра уште неколку пријателски мечеви.















