ФК Пелистер продолжува со екипирањето на екипата за следната сезона, во која ќе се натпреварува во ВМФЛ. Клубот од Битола и официјално ја продолжи верноста со четворица играчи, а тоа се Кире Ристевски, Стефан Спировски, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски.
Сите четворица потпишаа нови договори на една година и ќе бидат дел од тимот кој ќе се обиде веднаш да се врати во елитната фудбалска лига на Македонија.
Новиот шеф на стручниот штаб, Борче Христов стартот на подготовките го закажа за в четврток.










