И официјално шампион: Црвена Звезда стана светски рекордер!

5264

Одамна, уште на неколку кола до крајот Црвена Звезда стана шампион на својата земја по 32.пат, но попладнево тоа е и официјално. По победата над Металец со 5:1 во последното коло, фудбалерите го добија шампионскиот пехар. Треба да се каже дека белградските “црвено – бели“ урнаа и два рекорди.

Тимот предводен од Дејан Станковиќ на 38 меча успеа да победи на 35 од нив, а само трипати да одигра нерешено. Сезоната ја заврши без пораз и освои вкупно 108 бодови. Гол разликата е 114:20.

Го урна рекордот на Партизан по број на постигнати голови во својата земја, а го урна и рекордот на Селтик во светски рамки, по број на освоени бодови.

Секоја чест.

ПретходноРаботнички ја доби пресметката со ТФТ (ФОТО)
СледноРајковиќ се раздели со Астана, одлуката е семејна