СУПЕР компјутерот на Опта му дава на Вардар 3% шанси за да го мине КуПС

75

Ниту реалниот, а уште помалку виртуелниот свет му дава големи шанси на актуелниот првак Вардар да го мине ривалот во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите.

КуПС од Финска синоќа на Арената Тодор Проески во Скопје му одржа лекција на нашиот првак и го победи со 0:2, па сега на реваншот во Скандинавија, Вардар оди не како аутсајдер туку како екипа на која и е потребно вистинско чудо.

Тренерот Фабијани на пресот по дуелот тоа и го потврди дека во Финска ќе се оди по сензација. Истата супер компјутерот на Опта кој што прави анализи за фудбалските мечеви ја мери со 3.1% шанси за се случи.

Поточно, Вардар има најмала шанса според суперкомпјутерот да мине во следната фаза, додека пак сосема спротивно КуПС има најголеми, најреални шанси за да биде дел од второто квалификациско коло.

ПретходноМултиетничката Швајцарија „гази“ и со Јашари од Македонија во составот
СледноДимитровски дел од стручниот штаб во тимот на Ники Волос