ПМФЛ: Дуел Васоски VS Седлоски, Тиквеш очајно посакува победа, Работнички пред нови бодови…

315

Денеска се играат сите шест натпревари од 8.коло во ПМФЛ. Се разбира дека во преден план е дербито меѓу А. Пандев и Шкупи, дуелот меѓу првите две екипи на табелата. Овој меч се игра од 18 часот и тоа под рефлектори на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица.

Ова ќе биде и прв дуел меѓу тренерите Александар Васоски и Гоце Седлоски. Досега никогаш не “играле“ меѓусебе, а до пред три години беа заедно во стручниот штаб на Вардар.

И Васоски и Седлоски имаат титули со Вардар како шефови на стручниот штаб. Седло ја освои претпоследната за Вардар во 2017 а Васоски последната во 2020.

ВО КАВАДАРЦИ СИТЕ ПОГЛЕДИ КОН КОСТОВ

Тиквеш во Кавадарци ја дочекува Македонија ЃП. Сите погледи на кавадарчани се вперени кон новиот стратег Влатко Костов кој денеска треба да го има официјалното деби на клупата на Тиквеш. Редно е овој тим да ја забележи и првата победа сезонава.

Брегалницаима тешко гостување и тоа кај забревтаната Ренова. Ова е меч со кој “гипсарите“ можат уште еднаш да покажат дека имаат екипа за високи цели.

“РОМАНТИЧАРИТЕ“ САКААТ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА СЕРИЈАТА

Работнички го дочекува Пелистер. Овој натпревар се игра на ФФМ поради репарација на теренот на Арената. Се разбира дека Работнички е голем фаворит,дека ако одигра како што играше досега во изминатите неколку кола ќе ги освои бодовите, па и според квалитетот. Но не смее да се потцени Пелистер, битолчани и тоа како знаат да изненадат, во тоа се уверија и Шкендија и А. Пандев.

Во Струга во второто дерби во ова коло силите ќе ги одмерат домашната Струга ТЛ и Шкендија, а во Велес, екипата на Борец посакува триумф против “пиратите“ од Автокоманда.

ДВОЈКИ ЗА 8.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ – СКОПЈЕ

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП

РЕНОВА – БРЕГАЛНИЦА

А.ПАНДЕВ – ШКУПИ (18 Ч)

ПретходноГрадско на нозе: Локомотива со прва победа во Втора лига (ВИДЕО)
СледноРоналдо со порака по новиот пораз, има ли Солскјер причина да биде загрижен?