Младинците поразени и од Данска, ќе разигруваат за пласман од 13 до 24 место!

93

Машката младинска репрезентација на Македонија со пораз ја затвори групната фаза на Европското првенство. Нашите ракометари на последната средба беа убедливо совладани од Данска со 20-34.

Ова беше трет пораз за Македонија, претходно загуби од Норвешка и Хрватска, сега ќе игра за пласман (13 до 24 место) поточно да не заврши на последното место, кое значи испаѓање од елитата или голем чекор назад.

Победникот на оваа средба беше решен после првото полувреме, Данците поведоа со 8-15, позитива која беше најголема во овој дел од натпреврот. Ништо не се промени ниту во продолжение, нашите момци беа немоќни против фаворитот.

Поповски и Грумешевиќ имаа по четири гола, три запиша Крстевски.

ПретходноПочина репрезентативецот на Јужна Африка кој беше дел од Мундијалот
СледноКатастрофална трета четвртина и пораз за кошаркарите од Ирска