Бутел Скопје продолжува со градење на составот за новата сезона во која на клупата ќе биде Стојанче Стоилов. Главната цел на тимот на поранешниот македонски репрезентативец е создавање наа „ростер“ со домашни играчи.
Најновот од Бутел Скопје е продолжувањето на соработката со уште еден ракометар. Станува збор за Стефан Зенговски кој во тимот ќе остане и во следните две години.
„Десното крило потпиша нов договор и ќе остане во нашиот клуб најмалку до летото во 2028 година“, пишаа од Бутел Скопје.










