Лина Ѓорческа ќе направи скок од 14 места на ВТА листата

132

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе направи скок на ВТА листата по најголемиот успех во кариерата со пласманот во првото коло од Гренд Слемот Вимблдон.

Тоа на Ѓорческа ќе и овозможи од моменталното 222 место да се искачи на 208 позиција на светската ранг листа.

Со ова Ѓорческа би се доближила релативно до својата најдобра позиција во кариерата, кога беше пласирана на 170 место на ВТА листата во 2017. година.

Само за потсетување, по одлично одиграните квалификации на Вимблдон, Ѓорческа во првото коло налета на фаворитот Анисимова во меч во кој имаше свои моменти но не можеше преку огромниот фаворит.

ПретходноКога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….
СледноНишто ново во МОТО ГП, Маркес најдобар во Германија