Возачот на Дукати, Марк Маркес ја потврди својата доминација и е победник на денешната трка во рамките од МОТО ГП шампионатот, која што се возеше за големата награда на Германија.
Деветократниот светски шампион, само го повтори она што го направи во спринтот и на главниот тренинг вчера и беше најбрз на патеката во Сахсенринг.
На втората позиција на денешната трка се пласираше возачот на Трекхаус, Аију Огури, додека трет на пиедесталот се изкачи Раул Фернандез.
Во генералниот пласман води Хорхе Мартин со 197 поени пред Марко Безеки со 186, односно Фабио Ди Џианантонио со два помалку.










