Екипата на Силекс ќе игра пред полни трибини на реваншот против Динамо Минск во рамките на првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Овој дуел е закажан за во четврток со почеток во 20 часот. Со оглед на тоа дека кратовскиот тим игра на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“, бројот на влезници е ограничен и истите веќе не можат да се најдат во слободна продажба.
„ФК Силекс ја известува јавноста дека сите влезници за реванш натпреварот од првото квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига помеѓу ФК Силекс и ФК Динамо Минск се целосно распродадени!
Ви благодариме за огромната поддршка. Во четврток очекуваме исполнети трибини и силна атмосфера на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје“, се вели во известувањето на Силекс.










