Шкендија со елиминација на Браво оди во Косово или Шкотска

529
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Тимот на Шкендија пак, покрај Вардар, исто така го доби својот потенцијален противник во третото квалификациско коло од Лигата на Конференции.
Тетовци се на мегдан против словенечки Браво во второто квалификациско коло, за да со евентуална елиминација на овој противник имаат интересен распоред.

Шкендија го мине ли тимот на Браво, ќе се сретне со противникот од дуелот помеѓу косовскиот состав на Малишева, односно шкотскиот претставник Хиберниан.

И овој двомеч како и потенцијалниот дуел на Вардар од ова натпреварување би се играл на 6 односно 13 август.

Првиот меч од второто квалификациско коло, Шкендија против Браво го игра на гости в четврток на 23.07.2026 година во 20:45 часот.

 

ПретходноЈа мине ли Рига, Вардар оди на победникот од Атерт Бисен – Ето Гер
СледноЧупиќ ја закажа прозивката, Вардар тргнува од „Расадник“