Сенегал се жалеше на CAS, одлуката за Купот на Африка ќе се донесе на 8 август

30
ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle

Контроверзното финале од Купот на Африка, во кое што Сенегал загуби во дуелот со Мароко, ќе добие уште една епизода.

Сенегалците и официјално имаат поднесено жалба на судот за спортска арбитража во Лозана, каде што на 8 август ќе биде разгледан случајот и донесена одлука околу тоа дали на Мароко дефинитивно ќе му биде признаена и доделена титулата, или ќе има пресвртница во случајот.

Рочиштето ќе биде зад затворени врати, а ниту една од страните не побарала истото да биде јавно.

Според официјалните документи, Фудбалскиот Сојуз на Сенегал жалбата ја поднел на 25 март, и истата е против Афричката Фудбалска Конфедерација (CAF), како и против Фудбалскиот Сојуз на Мароко, со која што се бара да се поништи одлуката на CAF и Сенегал да биде прогласен за шампион на Африка за 2025 година.

Само за потсетување, Сенегал го доби финалето одиграно на 18 јануари, но истото потоа беше поништено и титулата му беше доделена на Мароко со службени 3:0.

Целата ситуација на натпреварот беше многу лоша, затоа што Сенегал победи со 1:0 по продолженијата, но на сето тоа му претходеше контроверзен пенал за Мароко, напуштање на теренот од страна на Сенегал, па негов кам бек што траеше повеќе од половина час.

 

ПретходноМарк Ван Бомел е нов селектор на Белгија
СледноЈуниорите со пораз од Грузија го отворија Европското првенство Б Дивизија