Милош Тошевски се пресели во Узбекистан

90

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Милош Тошевски ќе се испроба во шампионатот на Узбекистан.

Играчот за врска е нов член на тимот на Катакоргон кој што е дел од втората по ранг  дивизија во тамошниот фудбал.

Претхотно Тошевски беше дел од екипите на Спартак и Напредак, а беше дел и од Атирау во Казахстан како и од тимот на Бродарац. Своевремено со овој клуб беше младински шампион на Србија, и играше во младинската Лига на Шампиони.

Имаше и епизода во македонскиот ПМФЛ шампионат во тимот на Работнички.

 

ПретходноВардар во Црна Гора бара спас за одбраната – пикиран е Душан Лагатор!?
СледноАлексовски: Вардар е фаворит но ние ќе пробаме да го изненадиме