Демири: Арачиново е подготвено за ПМФЛ авантурата

47
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

Денеска е историски ден за екипата на Шкендија Арачиново. Овој тим за прв пат во својата историја е дел од ПМФЛ шампионатот, а денеска го има и официјалното деби во Струга против тимот на Трим Лум во рамките од првото есенско коло.

Мечот стартува во 17:00 часот, а истиот за арачиновци го најавува некогашниот македонски младински репрезентативец Бесир Демири, кој што од летово е член на тимот од неговото „маало“ што се вели.

„Среќен сум што ќе бидам дел од овој историски натпревар за клубот од моето родно место. Ова ќе биде наш прв дуел во Првата лига и, без сомнеж, ќе донесе мешавина од емоции, гордост, но истовремено и голема одговорност“, вели искусниот Бесир Демири па додава.

„Екипата работеше исклучително добро за време на подготвителната фаза под водство на тренерот Берат Имери. Исто така, донесовме и значајни засилувања за кои верувам дека дополнително ќе го подигнат квалитетот на тимот“, истакнува Демири.

„Судбината сакаше нашиот прв натпревар да биде токму против клуб како Струга – стабилна екипа која со години е во самиот врв на домашниот фудбал. Сепак, ние сме Шкендија и не патуваме во Струга како туристи. Одиме таму да играме фудбал, да го дадеме максимумот и, по интензивниот подготвителен период, да се покажеме во вистинско светло на теренот и да ги видиме резултатите од нашата работа“, заклучи Бесир Демири.

ПретходноШабани: Шкендија Арачиново е дебитант но заслужува максимална почит
СледноВардар тргнува во одбрана на шампионската титула