На Арената „Тодор Проески“ во Скопје овој викенд се одржа атлетскиот младински Куп на Македонија. Дводневната програма беше исполента со 16 дисциплини, учество земаа по девет тима во машка и во женска конкуренција.
Во центарот на вниманието се најде Михаела Лазаровска. Членот на АК Центар урна рекорд стар 14 години. Во дисциплината скок во височина, таа го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци.
Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова рекордерка во дисциплината скок во височина кај дамите во младинска категорија. Станува збор за некогашна ракометарка која до скоро време беше член на ЖРК Вардар.
Севкупен победник на младинскиот Куп на Македонија е АК Работнички со 75 бодови, голем дел од нив или вкупно 59 овој клуб ги освои во машка конкуренција. На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку, по што следуваат АК Куманово, АК 7-ми Мај, АК Лириа, АК Дрини Старт, АК Олимп и АК Охрид.
Работнички доминираше во машка конкуренција, со 59 бода, додека во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода.
Атлетската федерација на Македонија на сите учесници им честита за остварените резултати.
*Резултатите во сите дисциплини можете да го видите на следниот ЛИНК.